Почетна » Новости » Занимливости » Пар со смисла за хумор секоја година создава честитки кои го прикажуваат реалниот живот со мали деца

Пар со смисла за хумор секоја година создава честитки кои го прикажуваат реалниот живот со мали деца

Брачен пар од САД создава божиќни честитки кои го прикажуваат реалниот живот со мали деца.

Џонатан Стенли и неговата сопруга Џесика веќе не се ни обидуваат да направат совршен празничен портрет, како што прават многу семејства. Наместо тоа, тие на искрен начин доловуваат како е да се живее со три мали палавковци.

семејство Стенли

Како што расте семејството, фотографиите секоја година стануваат сè позабавни.

Семејството Стенли ги прави хумористичните фотографии веќе 8 години. Традицијата започнала кога Џонатан и Џесика се обиделе да направат совршена честитка со синчето Џексон, кое тогаш имало само 1 година. Но, фотосесијата не се реализирала според планот.

„Првиот пат кога се обидовме да направиме „традиционална“ фотографија за честитка, имавме хумористично лоши резултати. Бевме нови родители на едногодишно дете и сè беше наопаку – бебето постојано плачеше, дуваше силен ветер, светлината постојано се менуваше, можете да замислите. Ако двајца од нас изгледаа ок, другиот ќе беше замижан. Толку многу се смеевме поради тоа колку беа лоши фотографиите што одлучивме да им ги испратиме на членовите на нашето семејство, а нив многу им се допаднаа. Оттаму се роди традицијата – наместо да се обидуваме да испратиме совршени честитки, ние испраќаме нешто што го претставува хаосот на родителството“ – велат тие.

семејство Стенли семејство Стенли семејство Стенли семејство Стенли семејство Стенли семејство Стенли семејство Стенли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.