Почетна » Новости » Занимливости » Охрид ПЕТТИ најдобар град во светот за 2017 според Lonely Planet

Охрид ПЕТТИ најдобар град во светот за 2017 според Lonely Planet

Lonely Planet ги објави листите на најдобри градови, држави и региони за 2017 година.

Нашиот Охрид беше сместен на петтото место на листата на најдобри градови на светот од страна на најпознатиот издавач на водичи за патување. Експертите од Lonely Planet ја имаа тешката задача да ги селектираат дестинациите кои вреди да бидат посетени во годината која претстои.

„Сместен високо над исклучително сините води на истоименото езеро, Охрид ужива прекрасна позиција и најдобро може да се види од брод. Од водата ќе ги видите покривите од теракота, разделени од врвовите на црквите стари со векови (градот тврди дека некогаш имало 365) над кои се издигаат ѕидовите на Самуиловата тврдина. Охрид се трансформира од религиозен центар на Македонија во нејзино најпопуларно одморалиште“ – пишуваат од Lonely Planet за Охрид.

Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид

Францускиот град Бордо се најде на првото место, веднаш зад него се смести јужноафриканскиот град Кејптаун, а на третото место е испишано името на Лос Анџелес.

Еве кои десет градови се најдоа на листата во водичот за 2017 година:

  1. Бордо, Франција
  2. Кејптаун, Јужноафриканска Република
  3. Лос Анџелес, САД
  4. Мерида, Мексико
  5. Охрид, Македонија
  6. Пистоија, Италија
  7. Сеул, Јужна Кореја
  8. Лисабон, Португалија
  9. Москва, Русија
  10. Портланд, САД

Фотографии: Филип Вирановски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20827 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.