Ако сакате да доживеете нешто несекојдневно, посетете го првото „знаковно“ кафуле во Скопје.
Во новиот кафич „02 mr coffe bar“ можете да нарачате кафе и пијалаци на знаковен јазик, следејќи ги инструкциите во менито.
„Отворен првиот ‘ знаковен’ кафич 02 mr coffe bar. Домаќините се нај 'cool' пар. Доколку сакате да доживеете несекојдневно искуство додека пиете кафе повелете во светот на знаковниот јазик придружен со вкусови“ – стои во нивното соопштение.