Додека многумина од нас се претпазливи поради новиот коронавирус и ги избегнуваат кафулињата, креативни и вешти лица создаваат кафулиња во нивните градини.
Горда девојка го пофали татко си Ед на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од неговиот проект за време на пандемијата.
На нив се гледа како 53-годишниот градител создава удобно и шармантно кафуле во аголот на нивната градина. Ед го изградил малиот објект за 3 месеци.
„Дали татко ми навистина изгради кафуле во градината сосема сам за 3 месеци? Апсолутно“ – напиша ќарката Џулиен Астрид во објава на Twitter која стана вирален хит со стотици илјади допаѓања.
Кафулето „La Vida“ има доволно место за семеен собир и за неколку гости. На таблата е испишано менито со пијалаци, кои ги носат имињата на членовите на семејството.