Со отворањето на најголемиот трговски центaр кај нас, Skopje City Mall, денес Т брендот го промовираше новиот продажен салон, кој е единствен од овој тип во регионот, а трет по ред во рамки на целата Дојче Телеком групација. Салони од ваков тип досега беа отворени единствено во Унгарија, а по Македонија следуваат Холандија, Германија и Хрватска.
„Денес ги отворивме вратите на локација која ни ја приближува иднината на технологијата и ја прави достапна за сите посетители. Овој продажен салон ни носи динамичност и единствено мултимедијално искуство, но во исто време ни нуди комфор и решенија адаптирани за наше секојдневно функционирање. Во салонот е вградена најмодерна технологија која нè носи чекор напред во еволуцијата на мобилните податочни услуги. Целта на оваа наша инвестиција е на секој посетител да му овозможиме со себе да понесе модерно и футуристичко доживување, да бидеме единствени со понудата и со најдобри кориснички сценарија“ – изјави Огнен Фирфов, Раководен директор за продажба.
Телеком продажниот салон е исполнет со моќни технолошки уреди и алатки – место каде можат да се доживеат од прва рака последните телекомуникациски решенија. Просторот му овозможува на секој посетител на побрз и поедноставен начин да се запознае со MaxTV пакетите и различните ТВ апликации, да дознае кои се придобивките од оптиката како најнапредна технологија, да ги проба најмодерните мобилни телефони и таблети, како и сите услуги и продукти на Т-Home и T-Mobilе. Дополнително, ултра модерниот и футуристички дизајн нуди интерактивно истражување и забава за секој посетител.
Новоуредената продажна локација на Т-Мобиле и Македонски Телеком во Skopje City Mall е резултат на заложбата за постојано подобрување на Телеком продажните салони согласно современите потреби и барања на корисниците.