Дали се сеќавате на приказната за малиот Хоуп, детенцето кое беше обвинето за вештерство од семејството и напуштено на улица во Нигерија?
Прегладнетото момче беше спасено на 30 јануари 2016 година од хуманитарката Ања Рингрен Ловен и беше одведено во нејзиниот центар за детска едукација „Land of Hope“. Таа му го даде името Хоуп (Надеж) и му покажа што значи вистинска љубов.
Хоуп живее во центарот со десетици други деца, кои заедно учат и растат во среќни личности. Тој секојдневно ги надминува здравствените последици од предизвиците со кои се соочи во првите месеци од животот.
На 8-годишнината од неговото спасување, Ања сподели фотографија и покажа како изгледа Хоуп денес.
Таа напиша и текст посветен на него:
Утрото на 30 јануари 2016 година, данска документарна екипа ја подготвуваше опремата за да ја снима работата на „Land of Hope“ во Нигерија.
Одевме во спасувачка мисија. Две девојчиња беа обвинети дека се вештерки и беа забележани покрај реката, напуштени и сами.
По нашето пристигнување, бевме одведени во домот на началникот на селото за да го информираме за нашата мисија. Група локални момчиња исто така пристигнаа таму и нештата ескалираа.
Во тоа време не бевме заштитени од полицијата и ситуацијата стана непријателска и моравме да си одиме. Бев лута и фрустрирана и одбив да се предадам. Но, беше невозможно да направиме нешто. Не беше безбедно да останеме.
Но, истиот тој ден добив телефонски повик. Многу мало момче беше обвинето за вештерство, па возевме до местото каде подоцна го најдовме Хоуп. Што ако нештата не ескалираа тој ден? Дали тоа беше судбина?
Без разлика што беше, на денешен ден, 30 јануари 2024 година, изминуваат точно осум години откако го спасивме Хоуп.
Осумте години во кои го познавам Хоуп беа апсолутна радост. Тој нè промени сите нас и се чувствувам како вистинска среќничка што сум дел од неговиот живот.
Ти благодарам, Хоуп.
Хоуп не е единственото дете во Нигерија обвинето за вештерство. За жал, илјадници лица во сиромашните земји постојано се малтретирани, повредувани или убивани поради тоа што се обвинети за вештерство.
Мисија на Ања е да го промени тоа и да заштити колку што е можно повеќе невини жртви. За нејзината работа, во 2016 година таа беше прогласена за најинспиративна личност на светот.
Во септември минатата година, Ања ја пронајде мајката на Хоуп. Нејзината приказна била потресна. Таа го родила Хоуп на 15-годишна возраст откако забременила од
Таа сега живее заедно со Хоуп во селото и во неговите очи, таа е невина.