Некои парови се креативни и создаваат прекрасни заеднички спомени кои ќе им траат цел живот.
Кристина и Стефан се дел од тие парови. Заљубените партнери секоја година на нивната годишнина одат во ресторанот каде што првпат се сретнаа за да ја пресоздадат нивната прва заедничка фотографија. Но, сега на фотографиите позираат и нивните четири деца.
„Она што некогаш беше маса за двајца, сега е маса за шестмина“ – вели Стефан.
Секоја година, во изминативе 10 години, со сопругата го пресоздаваме нашиот „прв состанок“. Првпат се запознавме на MySpace– мојата сопруга само што се имаше преселено во Тексас, а јас трагав по нови потенцијални пријатели во таа област. Кога таа наиде на мојот профил, ме додаде и јас прифатив. Ја разгледав нејзината страница и забележав дека била атлетичарка на факултет, исто како и јас, па одлучив да ѝ испратам порака.
Извесно време си игравме со допишување пред конечно да соберам храброст да ја поканам на ручек. Одлучивме да се сретнеме во ресторанот „Чили“ во близина на местото каде што живеев тогаш. Јадевме и разговаравме четири часа, а останатото, како што велат, е историја.
Сега, секоја година, на годишнината од нашиот прв состанок, ја носам пред истиот ресторан и таа влегува за да најде маса како што направи вечерта кога се запознавме.
Се обидуваме да седиме на истото сепаре и да ги носиме истите алишта кои ги носевме на нашиот прв состанок. Единствената разлика низ годините беше нашето зголемено семејство. Сега имаме четири деца и она што некогаш беше маса за двајца, сега е маса за шестмина.