Почетна » Новости » Занимливости » „Одете на патување дури и ако треба да застанете 5.796 пати за мочкање“: Мајка потсетува колку се важни спомените со децата

„Одете на патување дури и ако треба да застанете 5.796 пати за мочкање“: Мајка потсетува колку се важни спомените со децата

Да се патува со мали деца не е лесно, а мајките многу добро го знаат тоа.

Сепак, Кејси Хаф потсетува дека вреди да се помине низ сите предизвици поврзани со подготовките и остварувањето на патувањата, за да се создадат заеднички спомени со децата. Како мајка на три мали деца, популарната авторка честопати споделува свои гледишта и искуства со останатите родители, потсетувајќи ги дека не се сами во нивните секојдневни борби.

Хаф вели дека предизвиците колку и да изгледаат страшно, мајките секогаш наоѓаат начин да се справат со нив.

„Секое ново нешто звучи страшно додека не го направиме и додека не зачекориме на другата страна малку посилни и малку похрабри. Како што растат нашите бебиња, така растеме и ние“ – пишува таа.

Кејси Хаф

Одете на патување.

Дури и ако тоа е спонтано и ненадејно.

Дури и ако треба да застанете 5.796 пати за мочкање, за пауза за јадење или затоа што им паднал таблетот.

Дури и ако сте обземени од помислата како ќе го чувате семејството безбедно и среќно во нова средина.

Дури и ако часовите поминати во подготовка и планирање се подолги од времето поминато на патувањето.

Дури и ако децата ти се мали и не си сигурна дали всушност ќе се сеќаваат на тоа.

Дури и тогаш...

Направи го тоа за тебе. Направи го за нив. Направи го за твојот брак и за твоето семејство.

Исклучи се и имај вистински разговори. Фокусирај се на нивните насмевки и на начинот на кој нивните очи светкаат кога ќе видат еден целосно нов свет. Изедете многу сладолед и седете во базенот додека не ви се збрчка кожата на прстите.

Создајте спомени додека можете да ги создадете.

Знам дека е напорно мамичке и дека звучи како ПРЕМНОГУ РАБОТА.

Но, сериозно. Едноставно одете на патување.

Ти ветувам дека ќе вреди.

Кејси Хаф Кејси Хаф

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.