Почетна » Новости » Занимливости » „Ова мора да престане“: Татко сподели видео од паничниот напад на ќерка му која била малтретирана на училиште

„Ова мора да престане“: Татко сподели видео од паничниот напад на ќерка му која била малтретирана на училиште

Татко сподели видео од паничниот напад на ќерка му откако таа била емоционално малтретирана на училиште за да ја подигне свеста кај луѓето за овој проблем.

Ли Дејвис бил поттикнат да ја искористи моќта на социјалните мрежи, бидејќи од училиштето не преземале никакви мерки за да го решат проблемот со малтретирањето на неговата 11-годишна ќерка. Во описот тој пишува дека проблемот траел 6 недели, а започнал кога ќерка му Сиена се запишала во ново училиште.

Видеото на Дејвис фрла светлина врз последиците од лошото однесување на младите лица кон нивните врсници. Во него, Сиена неконтролирано липа и се бори да дише додека нејзината мајка се обидува да ја смири со помош на техника за дишење.

Мразам да објавувам нешта на Facebook кои ја покажуваат болката што ја чувствуваат моите деца, но веќе 6 недели мојата ќерка посетува ново училиште и секојдневно е емоционално малтретирана! Го контактирав училиштето многупати досега и им објаснив дека и јас и нејзината мајка сме сериозно загрижени за емоционалното здравје на нашата ќерка и дека имаме потреба од решавање на оваа ситуација. Многупати побарав да биде преместена во друг клас, но постојано ми велат дека треба да разговараат со другите учители и дека не покажува никакви загрижувачки знаци и како ние родителите сме премногу заштитнички настроени!!! Еве ова е снимка од многуте прилики кога мојата ќерка била вознемирена. Премногу ни се насобра и чувствуваме дека како родители само си ја удираме главата од ѕид со училиштето. Погледнете го видеото и кажете ми дека вака треба да се чувствува 11-годишно девојче кога ќе си дојде од училиште. Малтретирањето не е прифатливо во никаков случај и мора да престане! Никогаш не би сакал да видам друго дете да се чувствува вака!

Откако видеото беше споделено илјадници пати на социјалните мрежи, од училиштето се сретнале со родителите на девојчето и им ветиле дека ќе најдат решение за проблемот. Дејвис им се заблагодари на сите за позитивните коментари и им откри дека тие многу ѝ помогнале на Сиена која сега знае дека не е сама.

Прво би сакал да ви се заблагодарам на сите за советите, трогателните коментари и неверојатната поддршка за овој проблем. Вниманието кое го привлече ова видео е огромно и покажува дека ова е проблем кој засега многу луѓе на различни начини. Треба да се биде силна личност за да им дозволиш на другите да те видат во твојата најранлива верзија и се гордеам со ќерка ми што ми дозволи да споделам со вас како влијаат на неа постапките на другите!

Бидејќи како родители не ги добивавме посакуваните резултати од училиштето, немав друг избор освен да ја искористам моќта на социјалните мрежи за да ги натерам луѓето да ја кренат главата и да делуваат за да се реши проблемот пред тој да излезе од контрола. Со задоволство можам да кажам дека имавме состанок во училиштето и дека се работи на наоѓање решение со цел ова да не се повтори.

Би сакал да истакнам дека имам огромна почит кон учителите и дека многу ја ценам нивната работа да им даваат знаење на нашите деца за тие да имаат посветла иднина, но уверен сум дека постои малцинство кои се несериозни кон проблемот и кои во случајов најдоа вина во лошата комуникација. Верувам дека мора да има строг пристап кон малтретирањето.

Ова видео ја покажува реакцијата „зад затворени врати“ на децата кои се малтретирани, емоционално или физички. Ве молам секогаш истакнувајте му на вашето дете дека покажувањето на емоции не е знак на слабост и дека разговорите со нас се најважното нешто! Вашите коментари ѝ симнаа товар од рамената, бидејќи од прва рака виде дека не е единствената која била во оваа ситуација и колку голема поддршка има!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20843 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.