„To This Day“ е моќно видео за долгорочниот ефект кој го има психичкото и физичкото малтретирање на децата во училиштата. Видеото е емотивна бомба на сајтовите за споделување на видеа, затоа што има силна порака која никого не може да остави рамнодушен.
Видеото е збир од анимации кои ги следат зборовите на поемата „To This Day“, напишана од Шејн Којзен, кој бил жртва на малтретирање како дете.
„Моето искуство со насилството на училиште сè уште се одразува на мојот живот... Училиштата и семејствата се во очајна потрага по алатка со која ќе се соочат со овој проблем. Ние можеме да им дадеме нешто со што би започнале“ – вели тој.
Видеото раскажува за две деца кои биле нарекувани со погрдни имиња и исмејувани на училиште и како тоа малтретирање им влијаело подоцна во животот.