Почетна » Новости » Занимливости » Непроветрувањето на просториите создава мувла, не прозорците

Непроветрувањето на просториите создава мувла, не прозорците

Проблемот со кондензација настанува најмногу на места каде што има слаба или воопшто нема циркулација на воздухот. За да се заштитиме од создавање на мувла најважно е да го проветруваме просторот и тоа правилно. Не е доволно само да се отвори еден прозорец за да „влезе” воздух.

Зима, некој ја сака. Студеното време бара прилагодување на човекот но и на просторот во кој живеее. Како што се намалуваат температурите, идејата за подолготрајно проветрување станува се помалку добра. Првенствено заради тоа што не сакаме да ги изладиме просториите во кој престојуваме, но и заради заштеда на трошоците за греење. Но и покрај тоа задолжително мора да проветруваме со што ќе избегнеме создавање на мувла во домот. Правилното проветрување на домот спречува создавање на мувла.

Rehau

Со добра изолација на ѕидовите на објектот и прозорци кои добро дихтуваат, внатрешните ѕидови во зима остануваат топли. Доколку во просторот сепак навлезе студен воздух или влажност, ѕидовите кондензираат влагата навлегува во нив. Тоа се совршени услови за настанување на мувла. Во лето се случува обратен процес. Во просторијата навлегува топол и влажен воздух кој кондензира на топлите ѕидови. Со што пак постои опасност од создавање на мувла.

„Проблемот со кондензација настанува најмногу на места каде што има слаба или воопшто нема циркулација на воздухот. За да се заштитиме од создавање на мувла најважно е да го проветруваме просторот и тоа правилно. Не е доволно само да се отвори еден прозорец за да “влезе” воздух. Треба да создадеме услови за струење на воздухот, провев. Тоа се постигнува со отворање на повеќе прозорци, спротивно поставени, за да започне струење на воздухот. Така настанува провев и застојаниот воздух излегува надвор, а на сметка на тоа во просторијата влегува нов, свеж воздух“ – ни одговорија од регионалното претставништво на РЕХАУ, кои ги консултиравме за овој проблем.

Избегнувајте да ги оставате прозорците подолго време отворени на кип. Воздухот не се разменува доволно а просторијата се лади. Така се троши повеќе енергија за греење, бидејќи топлината се губи низ прозорецот кој е долго време отворен на кип.

Ова е табела која ја покажува должината на проветрувањето во зависност од годишното време:

Годишно време Време на проветрување
април до октомври 15 минути
ноември 10 минути
декември до февруари 6 минути
март 10 минути

Проветрување на кујна, бања и спална соба

Во кујната и бањата од самото готвење и туширање се создава многу повеќе влажност отколку во другите простории. Тие мора да се проветруваат многу почесто, во зависност од интензитетот на нивното користење. Спалната соба задолжително се проветрува наутро.

Rehau

Од она што го најдовме со истражување на пазарот на прозорци, РЕХАУ како водечки понудувач на системски решенија од полимери нуди иновативно решение, кое е уникатно и ново на пазарот и кај кое системот на вентилација е совршено интегриран во рамката на прозорецот.На таков начин заштедуваме на одржување на топлината во домот, немаме бучава, нема полен и што е најважно нема мувла.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19699 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.