Бразилскиот комичар Франциско Еверардо Оливиера Силва, познат како кловнот Тиририка, триумфираше на изборите во Сао Паоло и со тоа доби место во Конгресот на Бразил.
Не, ова не е шега! Тиририка успеа да освои дури 1,3 милиони гласови, што е двојно повеќе од второпласираниот кандидат во Сао Паоло.
Среќниот кловн успеа да ги освои Бразилците со својот слоган „Не може да биде полошо“ и ветувањето да не прави ништо друго во Конгресот освен да им дава извештај за тоа како политичарите си го трошат времето.
„Што прави еден конгресмен? Вистината е дека не знам, но гласајте за мене и ќе ви кажам“ – велел Тиририка во своите реклами.
45-годишниот кловн за малку не бил дисквалификуван, бидејќи се појавиле докази дека е неписмен.
Еве како Тиририка ги убедуваше граѓаните на Сао Паоло да му го дадат нивниот глас: