Халовин е на прагот! Медицинскиот персонал од болница во Флорида не ги заборави своите најмали пациенти оваа Ноќ на вештерките.
Вработените во Одделот за неонатална интензивна нега во „Tallahassee Memorial HealthCare“ одлучија да ги маскираат предвреме родените бебиња во неодоливи костими.
„Нема да ви се верува колку слатки се нашите бебиња од Одделот за неонатална интезивна нега овој Халовин. Ова е една од нашите омилени традиции и оваа година не беше исклучок. Му благодариме на нашиот тим што секогаш го дава најдоброто од себе за да ги направи празниците специјални за семејствата на Одделот за неонатална интезивна нега“ – напишаа од медицинскиот центар и потсетија дека родителите секогаш треба да ги легнуваат бебињата на грб во празно креветче.
„Овие бебиња се во посебни околности и се под надзор 24/7“ – пишуваат тие.