Земете марамче, бидејќи видеото на Амбер Роуз ќе ви ги насолзи очите.
Убавата невеста за Божиќ пресоздаде момент од нејзината свадба за баба ѝ, која не можела да присуствува на нејзиниот специјален ден. Амбер ја облече венчаницата и со нејзиниот татко го пресоздадоа свадбениот танц татко-ќерка во дневната соба на 90-годишната старица.
Бабата со уживање го следи танцот на нејзините сакани, а во еден момент емоциите ја совладуваат.
Видео
„Најубавиот божиќен спомен... Пресреќна бев што нашето семејство можеше да ѝ донесе Божиќ на баба ми. Пред божиќната вечера, имав специјално изненадување за Баба. Таа не можеше да дојде на нашата свадба и не ме виде во мојата венчаница. Со татко ми го пресоздадовме танцот татко-ќерка во нејзината дневна соба... Земете марамче. Те сакам многу, Бабо“ – напиша Амбер.
Свадбата на Амбер се одржа на 4 септември.