Почетна » Новости » Занимливости » „Не верувајте во тоа што ви се сервира на социјалните мрежи“: Србинка покажува како може да се менува изгледот со апликација

„Не верувајте во тоа што ви се сервира на социјалните мрежи“: Србинка покажува како може да се менува изгледот со апликација

Милена Живковиќ со видео испраќа порака до своите следбеници – да не се споредуваат со другите и да не веруваат во тоа сè што гледаат на социјалните мрежи.

Шармантната Србинка, која е ќерка на српската писателка и актерка Маја Волк, покажува како може да се менува изгледот со помош на апликација со која се служат многу Instagram ѕвезди за да создадат совршена фотографија од себе.

Додавање на коса, насмевка, очила, менување на нијансата на косата... Многу е лесно да се прави каква било промена преку апликацијата.

Милена Живковиќ

Прочитајте ја нејзината порака и погледнете го видеото од процесот на обработување на нејзиното селфи:

Луѓе, не верувајте во сè што ви се сервира на социјалните мрежи. Ова е погубно за самодовербата, особено за тинејџерите. Не им е лесно на луѓето кои се фотошопираат во толкава мера. Тие не се сакаат себеси и се обидуваат да ни се допаднат преку некои филтри. А за што? За некои неважни луѓе да им кажат дека се убави? Зашто сите знаеме дека убавината останува, а умот е тој што е минлив. Ајде ви се молам.

Запомнете дека не живееме во виртуелен свет и дека луѓето нè запознаваат во живо. На крајот на краиштата, каква порака им испраќаме на младите девојки? Дека сè е во изгледот? Па не е! Не е ни во изгледот, ни во стајлингот... туку во душата која ја имаме и на крајот, какви луѓе сме.

Значи, кога ќе видите вакви фотографии на Instagram, знајте дека не се вистински и дека тоа се некои празни души кои мислат дека светот се врти околу „убавината“ и силиконите. Да бидиме подобри од нив! Да бидеме свои и оригинални, нема да верувате колку тоа може да ве води низ животот.

Милена има 21 илјада следбеници на Instagram.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23191 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.