Најслатката љубовна приказна на Балканот продолжува.
Штркот Клепетан повторно долета кај Малена во Хрватска. Верниот штрк, кој секоја есен мигрира во Јужна Африка, 17-та година по ред се враќа во гнездото на својата сакана.



Малена е повредена во крилото и поради тоа не може да лета и да се сели заедно со останатите птици. Клепетан го напушта гнездото во август, а следната година во март минува над 13.000 километри за повторно да биде со Малена.



Таа живее на покрив на училиште во Бродски Варош, каде за неа веќе 25 години се грижи Стјепан Вокиќ. Досега Клепетан и Малена заедно имаат 66 деца. Додека Клепетан е отсутен, храна за малите шткчиња и за Малена обезбедува Стјепан.
