Џени и Крис Ешбеј се родители на пет деца под 8 години кои ги забавуваат нивните следбеници на Instagram и TikTok.
Парот од САД создава креативни фотографии и видеа и потсетува дека децата се најголемиот благослов.
Среќните родители имале две деца, кога одлучиле да се обидат повторно да зачнат. На нивно големо изненадување, Џени забременила со тројка.
„Хмм, изгледа како да има две бебиња. Ох чекај, не извини, три бебиња“ – им рекла докторката на прегледот со ултразвук.
На прегледите кои претстоеле се видело дека две од бебенцата биле идентични близначки кои делеле иста плацента. Тоа е многу редок случај и докторите велеле дека има само 50% шанси двете бебиња да преживеат до породувањето.
Иако бременоста со тројка била многу ризична, Џени и Крис не планираат да запрат тука и сакаат да имаат уште деца.