Не е тешко да се погоди кое видео привлече најмногу гледачи на YouTube во изминативе 12 месеца. Спотот за популарната „Gangnam Style“ на корејската сензација Псај е видеото со најголем број прегледувања за 2012 година.
„Заразното“ видео, кое наскоро ќе достигне една милијарда прегледувања, всушност е и најпопуларното видео на YouTube кога било досега.
YouTube привлекува над 800 милиони посетители од различни страни на светот, кои месечно гледаат 4 милијарди часa разно-разни видео снимки. Ве интересира што беше најпривлечно за публиката на глобално ниво?
1. „Gangnam Style“ – Psy
Откачениот рапер Псај го маѓепса светот со свој оригинален танц и за само шест месеца неговиот енергичен и колоритен спот стана најгледано видео на сите времиња.
2. „Somebody That I Used to Know“ — Walk Off the Earth
Петте члена на групата Walk Off the Earth на една гитара го изведоа популарниот хит „Somebody That I Used to Know“ и досега привлекоа над 140 милиони прегледувања.
3. Kony 2012
Во текот на првата седмица по објавувањето, видеото „Kony 2012“ беше најсподелуваното видео во светот. За еден ден краткиот документарен филм собра над 31 милион прегледувања. Контроверзното видео за Џозеф Кони предизвика бурни дискусии на интернет.
4. „Call Me Maybe“ – Justin Bieber, Selena Gomez…
5. „Barack Obama vs Mitt Romney. Epic Rap Battles Of History“
6. A Dramatic Surprise On a Quiet Square
7. „Why You Asking All Them Questions?“
8. Dubstep Violin: Lindsey Stirling – Crystallize
9. Facebook Parenting: For the troubled teen
Реакцијата на еден татко откако неговата 15-годишна ќерка се пожали на Facebook за родителите и учеството во домашните обврски. На крајот на видеото таткото пука во лаптопот на ќерката. Неговата постапка беше бурно дискутирана во САД.