Почетна » Новости » Занимливости » „На твоите деца не им требаат подароци за Божиќ, им требаш ти“: Порака од маж кој млад останал без родители

„На твоите деца не им требаат подароци за Божиќ, им требаш ти“: Порака од маж кој млад останал без родители

Додека сите итаме да ги избереме најдобрите подароци за нашите најмили, Џонатан со отворено писмо нè потсетува што е најважно за празниците – да поминеме квалитетно време со луѓето кои ги сакаме.

Авторот кој има свој блог, им се обрати на сите родители за да ги потсети колку е важно да бидат што подолго со нивните деца за да создадат што повеќе заеднички спомени.

„Децата не се сеќаваат на материјалните нешта, туку на љубовта од родителите“ – порачува тој.

Родители

Твоите деца нема да се сеќаваат што им подари за Нова Година. Едноставно нема.

Барем јас не се сеќавам.

Мајка ми почина кога бев тинејџер, татко ми кога бев на почетокот од моите 20-ти години. Кога ќе помислам на празничната сезона со нив, се сеќавам на НИВ. Не се сеќавам на нивните подароци.

Се сеќавам дека мајка ми газеше во снегот и им фрлаше семки на птиците кои знаеја каде да најдат добар оброк.

Се сеќавам на долгите вечери покај огнот.

Се сеќавам на бавното налевање на пунч од јајца и светилниците од песок и восок.

Се сеќавам на бадниковите прошетки со семејството, кои некогаш беа пријатни, но некогаш на -20 степени.

Се сеќавам на нивната љубов, не на подароците.

Запомни, оној со најмногу подароци не победува.

На твоите деца не им требаат повеќе нешта. Им требаш ти.

Да бидам искрен, ќе дојдат божиќни празници без тебе. Се надевам дека ќе дојдат многу подоцна, но може да дојдат и порано. Тоа не е морбидна мисла, туку мотивирачка. Твоите деца секогаш ќе имаат материјални нешта. Но, нема секогаш да те имаат тебе.

Гушни ги. Читај им. Боже, будали се со нив и покажи им дека радоста постои надвор од подароците.

Танцувај со твоите деца и создавајте спомени. Гледајте филмови заедно и смејте се додека да ве заболи стомакот. Резервирајте време за одмор. Одбележете го на календарот, бидејќи е важно. Кажете „НЕ“ на нешто за да можете да кажете „ДА“ на нешто подобро.

Оваа празнична сезона направете доволно долга пауза за да се гушкате со вашите малечки или да ги ислушате вашите поголеми деца. Не трошете премногу време во гледање фудбал со децата кога никогаш не играте фудбал со нив.

Запомни: Не се важни нештата. Никогаш не биле и нема ни да бидат.

Tе молам, не им подарувај на децата нешто толку евтино како што се предметите. Тие никогаш не ги поврзуваат луѓето на значајни начини. Всушност, се чини дека имаат спротивен ефект и го изолираат оној што ги користи: „Јас ќе си играм со моите нешта, ти играј си со твоите“.

Нештата ни ги полнат рацете, отежнувајќи ни да допреме до туѓата душа.

Нештата ни ги полнат ушите, блокирајќи го плачот на срцето на блиските.

Нештата ни ги полнат очите, спречувајќи нè да ја видиме огромната вредност на луѓето што се покрај нас.

Запомни, најдобрите спомени не се направени од пари. Најдобрите спомени се направени од луѓето и местата. Ако имаш пари, потроши ги на спомени. Ако немаш пари, ОК е, бидејќи парите не се предуслов за создавање спомени.

Запомни, за овој Божиќ и за сите следни, подароците нема да бидат запаметени. Твоето присуство ќе биде. Или твоето отсуство. Двајцата мои родители сега се отсутни, не можам да го променам тоа, а не можат ниту тие. Но, додека можеа, ми подарија спомени. И се сеќавам на нив.

Се сеќавам на последниот Божиќ на мајка ми. Беше болна и сите го знаевме тоа. Тоа последно божиќно утро, седна на каучот, зеде во рацете голема плишена мечка и ги гледаше своите деца. И се смееше.

Таа насмевка останува еден од најдобрите божиќни подароци кои некогаш сум ги добил.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.