Почетна » Новости » Занимливости » „Многу сум посреќна, немам анксиозност“: Мајка на две деца значително ослабе и си го промени животот преку фитнес

„Многу сум посреќна, немам анксиозност“: Мајка на две деца значително ослабе и си го промени животот преку фитнес

Мајка, која не била задоволна со изгледот, си го промени целиот живот, фокусирајќи се пред сè на своето здравје.

Џеси од Атланта некогаш тежела 90 килограми, страдала од анксиозност и била зависна од алкохол, сè додека еден ден не решила да се промени себеси и да стане подобра личност. За само 9 месеци, упорната жена намалила 22 килограми, потпирајќи се на принципот „24 часа“ или „ден по ден“.

Џеси Џеси Џеси Џеси

Решавачкиот чекор за трансформација Џеси го направила по смртта на мајка ѝ од КОВИД-19 во 2020 година. Тогаш, таа дознала дека мајка ѝ 15 години страдала од недијагностицирана форма на деменција. Не сакајќи да ја доживее истата судбина, одлучила да го стави здравјето на прво место, нешто што никогаш не било приоритет во нејзиното семејство.

„Постојано мислев дека ќе ја добијам истата болест која ја имаше мајка ми, па започнав да преземам чекори за да го спречам тоа“.

„Веднаш започнав да се фокусирам на принципот 24 часа на ден. Истиот принцип го користев за да останам трезна. Не можам да останам трезна една година, но можам да останам трезна еден ден. Тоа ме држеше на правилната патека. Живеев од ден за ден. Потоа се фокусирав на јадењето. Не знаев како да се хранам, бидејќи никогаш не јадев здрава храна. Собрав рецепти од социјалните мрежи, започнав да ги ротирам и да си подготвувам оброци во недела“ – објаснува Џеси за својата мотивација.

Џеси Џеси Џеси Џеси Џеси Џеси

Фотографиите на нејзиниот профил говорат за нејзината физичка трансформација, но Џеси е категорична дека промените не се сведуваат само на нејзиниот изглед.

„Изгледам како различно човечко суштество... Можам да трчам. Колената повеќе не ме болат. Можам да ги стигнам ноктите на нозете за да се налакирам. Немам боцкање во градите кога се качувам по скалите. Ќе се чувствувате многу подобро откако ќе создадете навика. Ви ветувам“.

„Забележав дека откако ги инкорпорирав фитнесот и вежбањето во мојот живот, квалитетот на целокупниот мој живот се подобри значително. Среќна сум, анксиозноста ми се намали, спијам подобро, подобра партнерка сум, подобра пријателка сум зашто не ми е постојано физички неудобно, подобра мајка сум зашто можам да си играм со синовите надвор наместо да сум постојано нервозна и изморена. Не можам да поверувам дека се претворив во оваа личност“ – вели таа.

Џеси Џеси Џеси Џеси Џеси

На сите оние кои сакаат да го следат нејзиниот пример, им порачува: „Ако имате делови од себе кои сметате дека ви стојат на патот кон успехот, можете да ги промените. Ако јас сум способна за промени, способни сте и вие. Можете да го натерате мозокот да ви работи поинаку. Можете да создадете нови навики“.

Џеси Џеси Џеси

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23192 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.