Почетна » Новости » Занимливости » Мисица со кратка коса стана Мис Франција и поттикна онлајн дебата

Мисица со кратка коса стана Мис Франција и поттикна онлајн дебата

Победничката на изборот за Мис Франција поттикна жестока онлајн дебата.

20-годишната Ев Жил од Север-Па де Кале ја освои посакуваната титула, но покрај тоа што доби честитки, привлече и многу критики само затоа што има кратка коса. Ев е првата мисица со „пикси“ фризура во историјата која била избрана за Мис Франција.

Ев Жил Ев Жил Ев Жил

Студентката по математика, која си ја скратила косата за да се чувствува „силно“, рече дека ова е победа на различноста.

„Никој не треба да ти диктира кој си. Навикнати сме да ги гледаме убавите Мисици со долга коса, но јас избирам андроген изглед со кратка коса. Секоја жена е различна, сите сме уникатни“ – додала таа.

Многу гледачи побрзаа да го критикуваат изборот на победничката, велејќи дека таа била фаворизирана само поради различноста, бидејќи постои движење за инклузија и борба против предрасудите.

„Мис Франција повеќе не е натпревар за убавина, туку натпревар за ‘будење’ основан на инклузивост.“

„Воопшто не личи на Мис Франција.“

„Победничката на Мис Франција 2024 година ги исполни речиси сите ‘woke’ критериуми на денот – кратка коса, нема гради, виктимизирање поради тие два критериуми, сосема лоша во нејзиниот говор...“ – се само дел од коментарите.

Ев Жил Ев Жил Ев Жил

Изборот за Мис на Франција се одржува 103 години. Победничката е избирана така што половина од гласовите се од жирито, а останатата половина од гледачите. Иако таа била трета на јавното гласање, жири комисијата ја повлече на првото место.

Ев Жил Ев Жил Ев Жил Ев Жил Ев Жил

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.