Миранда Кер ги отвори вратите од својот дом во Малибу за MyDomaine.
За првото дигитално издание на списанието посветено на дизајн и декор,
Кер го купи имотот во Малибу во 2014 година и го реновираше во нејзин вкус. Таа ги сруши ѕидовите на бањата и сега кадата се наоѓа во спалната соба. Ова е дизајн кој некогаш бил нејзин сон, а сега е реалност.
„Отсекогаш сакав да имам бања во мојата спална соба, а сега го имам. Порано, кога бевме само јас и Еван, имавме многу ноќи поминати во кадата. Сега се бањам со моите бебиња“ – рекла славната манекенка.
Во интервјуто, Кер зборуваше и за нејзината козметичка компанија KORA, која продава органски производи за нега на кожата. Истата, таа ја основала откако на нејзината мајка ѝ бил откриен рак на слезината.
„Бевме шокирани колку потенцијално канцерогени можат да бидат состојките кои се достапни на пазарот. Кожата е најголемиот орган, па она што го ставате на кожата се впива во неа, затоа е многу важно да има сертификат дека е органско“ – рекла таа.