Учител кој ја обожава фотографијата овековечи сладок момент меѓу три мали мечиња и растопи илјадници срца низ светот.
На фотографиите на Валтери, направени во шума во Финска, се гледа како мечињата си играат и „танцуваат“ додека нивната мајка лежи покрај нив. Фотографот бил во засолниште на 50 метри од нив, па успеал совршено да го фотографира моментот.
„Мечињата се однесуваа како мали дечиња. Си играа и дури и имаа неколку пријателски борби. Се чувствував како да сум во детскиот парк пред мојата куќа, каде дечиња лудуваат наоколу. Толку многу ме потсетија на мали деца. Во еден момент, сите три се исправија на нозе и започнаа да се туркаат едно со друго. Изгледаше како да танцуваат во круг“.
„Ги фотографирав мечката со мечињата цел ден и цела ноќ“ – изјавил Валтери.