Руски пар имаше мошне необичен гостин на свадбата. Во свадбената фотосесија на младенците беше вклучена голема мечка.
Денис и Нелја од Москва ја поканија мечката Степан на специјална церемонија. На фотографиите изгледа како мечката да ги венчава 30-годишните Руси.
„Двајцата знаеме дека Степан е добра мечка, сепак тој е огромно и непредвидливо животно, па бевме малку исплашени, но сме среќни што ни се исполни тој сон“ – изјавил младоженецот.
Мечката живее со Русите Светлана и Јуриј Пантелеенко откако била пронајдена во шума на 3-месечна возраст, по смртта на мајката-мечка. Степан сега има 23 години и тежи над 133 килограми.