Темата на овогодишниот бал МЕТ, „Camp: Notes on Fashion“, поттикна многу невообичаени стајлинзи, чија цел беше да се привлече внимание преку иронија, хумор и театралност.
Токму поради модните избори, многу славни личности станаа „мета“ на хумористични мемиња и постови на социјалните мрежи.
Сестрите Џенер беа споредувани со злобните сестри Анастасија и Дризела, додека Зендаја беше Пепелашка. Фризурата на Пријанка Чопра инспирираше голем број мемиња, а перформансот на Лејди Гага исто така не остана имун на исмејувања. Дури и отсуството на редовната гостинка Ријана поттикна неколку шеговити објави.
Погледнете некои од најзабавните мемиња инспирирани од балот МЕТ 2019:











































