Откако ја предаде титулата „прва дама на САД“, Меланија Трамп ретко се појавува на јавни настани.
Деновиве, таа беше фотографирана со сопругот Доналд на бејзбол натпревар облечена во бежов мантил од Burberry.
51-годишната поранешна манекенка стана хит на Twitter откако беше снимена како одеднаш престанува да се смее и „превртува очи“. Иако нејзиниот израз можеби не е поврзан со Доналд, на социјалната мрежа веднаш започнаа да се редат коментари дека таа не може да го поднесе и дека тие имаат несреќен брак.
Oh DAMN…. Did Melania Trump just roll her eyes at Donald Trump last night!? Cuz it seems like she don’t give a DAMN about him at all…. a href="https://twitter.com/hashtag/WorldSeries?src=hash&ref_src=twsrc%5Etfw">#WorldSeries pic.twitter.com/7CIBj0KoyS
— Anthony Buchanan (@anthonyscountry) October 31, 2021
Меланија и Доналд се запознаа на забава во 1998 година и започнаа да се состануваат. Тие стапија во брак во јануари 2005 година и имаат едно дете.