Меланија Трамп традиционално предновогодишно ги посети малите пациенти во Националната детска болница во Вашингтон. 50-годишната прва дама на САД им читаше приказни на децата додека седеше пред огромната накитена елка.
За оваа прилика, Меланија избра смарагдно палто и елегантни салонки.
Многумина ја критикуваа Меланија бидејќи ја извади својата заштитна маска додека им читаше приказни на болните деца, иако беше почитувана препорачаната дистанца.