Меган Маркл им оддаде почит на жртвите во пукањето во основно училиште во Тексас.
Војвотката од Сасекс приватно отпатува од Калифорнија во Тексас и посети место за спомен во близина на ОУ „Роб“, каде се случи масакрот, за да положи букет бели рози. Меган го остави букетот на крстот на 10-годишниот Узија Гарсија кој беше еден од
Меган посетила и центар кој организира крводарителска акција каде донирала храна за крводарителите. Волонтер вработен во центарот изјавил дека Меган не сакала да се знае која е за време на посетата и се појавила во Тексас ненајавено.
Целта на патувањето било Меган лично во улога на мајка да им изрази сочувство и поддршка на сите засегнати од трагедијата.