Мајка ја претвора здравата храна во примамливи оброци за нејзините две деца.
Лали Мохмеди создава уметност со обични намирници кои сите ги користиме во кујната. Таа ги обликува своите специјалитети во омилените цртани ликови на синот и ќерката, за да ги натера со сласт да ги изедат зеленчуците и овошните плодови во нивните чинии.
Сè започнало во 2015 година, кога Лали создала палачинка од спелта во форма на лав за синот. Нему толку многу му се допаднало, што таа продолжила да креира забавни оброци.
Најчесто, Лали користи пире од компири кое го обојува со природни прехранбени бои. Понекогаш ѝ се неопходни само 5 минути за да создаде едно јадење, но понекогаш ѝ требаат и два часа.