Многу деца се пребирливи кога е храната во прашање.
За да ги натера нејзините деца да се хранат здраво и да им ја направи храната попривлечна, мајка од Јапонија создава креативни оброци кои ќе ви биде жал да ги допрете. Честопати, креаторката на Etoni Mama ги обликува намирниците според омилените цртани ликови на нејзините малечки.
„Најпрво добив идеја да создадам лице од намирници со цел да ги направам попривлечни за мојата втора ќерка, која е многу пребирлива“ – вели таа.
„Кога ќе ги погледнам намирниците, можам да ги замислам моите ликови. Но, бидејќи тоа е храна за моите ќерки, таа мора да биде вкусна“ – додава мајката, која е пресреќна што добива позитивен фидбек од лица од целиот свет.