Ерика Андерсон е просечна 37-годишна мајка на две девојчиња од Орегон, која минатиот понеделник ограби локална банка!
Таа едноставно влегла во банката и му подала белешка на касиерот на која пишувало да ѝ ги даде парите, а потоа да почека 15 минути пред да се јави во полиција, затоа што ако не го направи тоа, „две деца нема да успеат да се вратат дома од училиште“.
Откако зела 1300 долари, Ерика избегала од банката. Полицајците, кои по неколку минути се појавиле во банката, биле загрижени дека таа може да избере две деца и да ги повреди.
Но, Ерика всушност мислела на нејзините две деца. Таа не сакала да задоцни да ги земе своите деца од училиште.
Полицијата во соработка со сведоци успеала да ја идентификува Ерика и таа била уапсена кратко откако ги зела децата од училиште. Детективот задолжен за случајот изјавил дека досега нема видено вакво нешто во својата кариера.
Сите понекогаш правиме некои работи, без да мислиме на последиците. Но, кој знае што се вртело во главата на 37-годишната жена за да направи нешто толку непромислено.