Викторија Боуен некогаш тежела 120 килограми, јадела брза храна и била зависна од чоколадо. Но, откако забележала дека поради вишокот килограми постојано се изморува и не може да си игра со синовите, таа одлучила да направи промени во начинот на живот.
29-годишната мајка на две момчиња сега има 73 килограми и е посреќна отсекогаш. Како го постигнала тоа? Викторија тврди дека нејзината тајна е во приготвувањето оброци однапред за цела работна седмица.
„Мојата тежина започна да се зголемува за време на бременоста. Престанав да вежбам и мојот мајндсет се промени. Буквално си го сфатив тоа ‘Јади за двајца’“.
„Најмногу се здебелив за време во последните 10 недели од мојата бременост и потоа килограмите продолжија да се качуваат. Кога бев најтешка, јадев цело чоколадо навечер. Јадевме многу купечка храна, бидејќи го користев изговорот дека сум изморена затоа што цел ден сум се грижела за децата“.
„Знаев дека имам прекумерна тежина, но не сфаќав колку голема сум“ – вели таа.
„Мојата пресвртна точка беше кога бев во паркот со синовите и со сопругот. Тој трчаше со нив низ детскиот парк, а јас морав да седам на постелката за пикник. Физички не можев да играм како него. Се сеќавам дека си мислев колку многу пропуштам од мојот живот и од уживањето „со моите деца“.
Ми требаше негова помош за да станам од тревата, бидејќи моите колена не можеа да ме издржат. Следниот ден го започнав моето патување“ – објаснува Боуен.
Викторија се откажала од слатките задоволства и ги заменила со здрави оброци полни со здрави јаглехидрати, хранливи протеини и свеж зеленчук. Таа започнала да ги приготвува своите оброци во недела попладне и тоа ја чинело 50 долари за секоја недела. Така била во чекор со внесуваните калории.
„Мојата тежина ја намалив на природен начин преку промени во исхраната и вежбање. Тоа не беше брзо и не се случи преку ноќ. На почетокот правев мали промени во мојата исхрана, на пример, ја заменив пржената храна со храна приготвена во рерна, јадев многу салати и зеленчук за да бидам сита“.
„Но, она што навистина ми помогна да ослабам беше приготвувањето на моите оброци однапред, бидејќи секогаш барав нешто кое можев брзо да го земам и да излезам. Преку приготвувањето на оброците, знаев што има во мојата храна, знаев дека е здраво и знаев дека ќе можам да ги постигнам моите цели“.
„Поминувам еден час во кујната во недела попладне. Најчесто приготвувам оброци за утро, ручек и вечер за следните пет дена. Ми заштедува многу време. Го обожавам готвењето однапред и го препорачувам 100%. Има многу опции за приготвување на храната однапред“.
„Моето омилено јадење е овес потопен преку ноќ. Многу е вкусно и може да стои во фрижидерот цела недела“ – објаснува Викторија за промените во исхраната.
Освен подготвувањето на храна однапред, таа на почетокот на нејзиното патување го зголемила и пешачењето со нејзините синови. Подоцна започнала да тренира во фитнес сала, но одела во 23 часот зашто се срамела од нејзината тежина.
Откако си ја вратила самодовербата, Викторија започнала да посетува групни фитнес тренинзи и да работи со фитнес тренер за да си ја зголеми мускулната маса. Во 2019 година, Викторија оперативно го отстранила вишокот на кожа на стомакот.
„Животот ми се промени за 180 степени. Повеќе не се срамам да излезам од дома, обожавам да одам на шопинг и го живеам мојот живот најдобро. Слабеењето ми ја врати самодовербата. Обожавам да одам во фитнес сала, да вежбам со тегови и да се чувствувам силна“ – вели таа.