Мајка и ќерка имаат забавен начин за да поминуваат време заедно.
Алија Чаглар и нејзината ќерка Стефани со години наназад ги пресоздаваат креациите на славните личности со материјали кои ги наоѓаат низ домот. Креативното дуо стана хит на Instagram со своите дела кои ги објавува под хаштагот #ahStefani.
„Потребни се само 10-30 минути за да се пресоздаде изглед на славните, а користиме само кеси, хартија, фолија и други материјали кои можеме да ги најдеме низ дома, а потоа ги составуваме“ – објаснила Алија.
Мајката вели дека Стефани од мали нозе обожава да се фотографира во креациите и дека еден ден сака да биде модна дизајнерка.