Матурантката Тара Фреј од Висконсин воопшто нема кошмари дека некоја нејзина соученичка ќе се појави на матурата облечена во ист фустан како нејзиниот. И за тоа треба да ѝ се заблагодари на нејзината мајка.
Наредната недела Тара ќе заигра на матурската вечер во фустан направен од илјадници обвивки од бонбони, а за комбинацијата да биде комплетна, таа ќе носи и чевли и чанта направени исто така од ливчиња од бонбони.



Слаткиот фустан бил направен од нејзината мајка, Керин Фреј. Упорната Керин ги собирала обвивките цели 6 години, а за да го сошие фустанот морала секое ливче внимателно да го превиткува 8 пати (последниот пат со пинцета).

Керин успеала дури и да направи елек за партнерот на Тара. Но, нејзиниот партнер не е толку воодушевен од идејата за слатко колоритно елече и изјавил дека го ќе го носи затоа што нема друг избор.

Погледнете како изгледа Тара во слаткиот фустан: