Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Невестински фустани од тоалетна хартија

ФОТО: Невестински фустани од тоалетна хартија

Интересно, инвентивно и креативно – фустани изработени од тоалетна хартија. Многумина во моменти на лудост се забавувале со тоалетна хартија, замотувајќи се во неа. Но, некои девојки си го сфаќаат сериозно креирањето на фустани од овој евтин материјал.

Веќе седум години по ред се одржува и натпревар за создавање на невестински фустани од тоалетна хартија.

Оваа година победничка на натпреварот е Сузан Бренан од Мичиген, која за својот невестински фустан од тоалетна хартија украсен со многу цветови добила награда од 1000 долари.

Невестински фустан од тоалетна хартијаПрво место

Второпласирана е Лаура Ли, која добила 500 долари.

Невестински фустан од тоалетна хартијаВторо место

Третото место на натпреварот го освоила Синтија Ричардс, која го создала фустанот со помош на својата 8-годишна ќерка.

Невестински фустан од тоалетна хартијаТрето место

За создавањето на фустаните дозволено е да се користи само тоалетна хартија, лепило и селотејп. Интересниот натпревар секоја година добива сè поголемо внимание и сè повеќе девојки решаваат да ги претворат своите замисли во реални фустани од тоалетна хартија.

Еве ги победничките креации од претходните години:

Невестински фустан од тоалетна хартијаПобедничката од 2010 година Невестински фустан од тоалетна хартијаПобедничката од 2009 година Невестински фустан од тоалетна хартијаШеширот на победничката од 2009 година

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.