Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ѝ возврати на жена која ја сними како дои на плажа и ја објави на Facebook затоа што не се покрила

Мајка ѝ возврати на жена која ја сними како дои на плажа и ја објави на Facebook затоа што не се покрила

Доењето во јавност сè уште претставува повод за критикување и срамење на жените.

Мајка не остана рамнодушна кога на Facebook виде видео од себе како го дои своето бебе, заедно со критики објавени од страна на жена. Корисничка на социјалната мрежа тајно ја снимала Изабел Ломакс и видеото го постирала со текст:

„Не ја срамам жената која ги дои своите деца. Ја срамам жената која доеше во јавност без почит да се покрие, туку дозволи дојките да ѝ висат (вклучително и брадавиците) за сите да можат да ги видат! ПОКРИЈ СЕ! Не треба да ги покривам очите на син ми и да му објаснувам зошто твоите гради се извадени и искрено, не сакам ни јас да ги видам. Имај малку почит!“.

Мајка

Ломакс сними TikTok видео како одговор на овој пост. Во него, таа е топлес и го дои своето бебенце, велејќи:

„Не само што оваа жена помина покрај мене многупати со својот син, туку имаше и можност да ми рече нешто. Не дека ќе ми беше гајле или ќе престанев со она што го правев... Наместо тоа, таа избра да објави видео од мене и моето дете на Facebook, јавно за цел свет да види.“

„Што ако некој ти каже дека единствениот начин за да можеш да јадеш на плажа е ако се покриеш со крпа?“

„Следниот пат кога ќе видиш мајка како го дои нејзиното дете на јавно место, покриена или не, кажи ѝ дека врши одлична работа.“

Голем дел од корисниците на TikTok ја пофалија Изабел и ѝ напишаа да продолжи да го храни своето дете каде сака и кога сака.

@izlomax ill leave this here #breastfeeding ♬ original sound - izlomax

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20843 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.