Маж, кој пред две години ја изгуби сопругата, организираше емотивна фотосесија со малата ќерка. Тој пресоздаде фотографии кои со својата сакана Татијана ги направиле една недела пред нивната свадба.
Рафаел Дел Кол и малата Раисина останале без најважната жена во нивните животи во 2013 година, кога посветената сопруга и мајка Татијана починала во сообраќајна несреќа.
Во видеото, снимено за време на фотосесијата, Рафаел се обидува да ги задржи солзите додека позира до својата ќерка. „Фотографиите се создадени во 2009 година, а пресоздадени во 2014, точно 5 години подоцна и 1 година по смртта на Тати“ – објаснува тој на својот блог.
Рафаел и Татјана биле заедно 10 години пред трагичната смрт.
Видео
Фотосесијата била инспирирана од фотографиите на Бен Нанери со неговата ќерка Оливија.