Мар Галсеран засекогаш се запиша во шпанската историја.
45-годишната политичарка стана прва парламентарка со Даунов синдром. Ова не е само лично постигнување на Мар, туку е и важен чекор за сите лица со попреченост.
„Сакам луѓето да ме гледаат како личност, не само поради мојата попреченост“ – рекла таа.
„Општеството започнува да гледа дека луѓето со Даунов синдром можат многу да придонесат. Но, патот е многу долг“ – вели Мар.
Галсеран влегла во политиката на 18-годишна возраст кога се приклучила во конзервативната Народна партија. Со влегувањето во регионалниот парламент во Валенсија, Мар цели да ги сруши предрасудите за лицата со Даунов синдром.
Најверојатно таа е прва личност со ова нарушување во Европа која некогаш станала дел од регионално или национално собрание.
„Не сме слушнале за никој друг. Ова е голем чекор напред и пример за вистинска инклузија“ – рекол Агустин Амор од Down España.
@dailymail Mar Galcerán is Spain’s first parliamentarian with Down syndrome. #fyp #spain #downsyndrome #politics #representation #feelgood #margalceran ♬ original sound - Daily Mail