Принцот Луи вчера го прослави својот петти роденден.
Традиционално, принцезата Кетрин и принцот Вилијам објавија официјални портрети од нивното најмало дете. На нив, принцезата од Велс го вози слаткото детенце во градинарска количка со исечени делови од растенија од нивната градина во Аделаида во дворецот Винзор.
„Некој полни пет години... Најсреќен роденден на принцот Луи“ – пишува во описот.
Најчесто фотографиите објавувани за родендените на нивните деца се дело на Кетрин, но овој пат, таа застана пред објективот.
Кетрин и Вилијам имаат уште две поголеми деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.