82-годишен пензионер шири љубов и топлина меѓу луѓето.
Инспиративниот Лени Берил непрекинато работи во својата работилница и досега има направено 1.500 срца кои им ги подарува на луѓето за тие да ги носат постојано со себе.
„Се надевам дека луѓето ќе чувствуваат дека се специјални и дека се сакани“ – вели Лени.

Сè започнало откако тој изработил срце за својата сопруга, на која многу ѝ се допаднало.
„Во мојата визба наидов на прекрасно парче дрво, па направив срце за мојата сопруга. Премногу ѝ се допадна, па направив уште“.
„Работам напорно за сите да имаат срце, сите со коишто ќе дојдам во контакт – келнер, продавач, мали деца. Прво ја прашувам мајка им дали е ОК, а потоа ги прашувам нив дали сакаат мало срце“ – рекол Лени.


Лени остава дел од своите срциња кај училишните педагози, кои подоцна им ги даваат на учениците кога ќе минуваат низ тежок период. „Секој педагог има приказни за раскажување. Еднаш, мало момче дошло во кабинетот, било несреќно, па му дозволиле да си избере срце. Шарата на дрвото изгледала како маж со испружени раце, па момчето рекло: ‘Го има мојот ангел на него’“ – раскажал Лени.

Друг пат, тој без да знае ѝ подарил срце на жена која го изгубила синот. „Ѝ го подарив срцето, а солзите се појавија во нејзините очи. Ми рече: ‘Има празнина во моето срце уште откако почина мојот син’“ – се присетил Лени.
Тој вели дека вреди да се работи за ваквите моменти. „Вреди да го правам тоа. Чувствувам дека треба да продолжам. Има премногу луѓе со скршено срце. Не се работи за мене, се работи за срцето“ – вели прекрасниот старец.
