Грижлив сопруг од Австралија ѝ направи паб на сопругата во гаражата откако таа му рекла дека ужасно ѝ недостасува излегувањето.
Кејлин Мичел од Сиднеј сподели видео од процесот на создавање на мини пабот и тоа набрзо стана вирален хит на TikTok. Видеозаписот е од нејзиниот сопруг Даниел кој со палети прави шанк, а потоа додава полици со пијалаци и ТВ на ѕидот.
„Му реков на мојот сопруг дека ми недостасува пабот, бидејќи сме во локдаун, па тој ми направи паб“ – напиша Кејлин.
„Во нормални услови, одиме еднаш неделно во локалниот паб со пријателите, но поради КОВИД повеќе сме дома и навистина започна да ни недостасува тоа“ – изјавила таа.
@kaylyn.mitchell I told my husband i was missing the pub because we are in lockdown, so he built me one @daniel.rule ##lockdown ##sydneylockdown ##husbandwife ##fyp
♬ Dirty Deeds Done Dirt Cheap - Live - acdc
Даниел потрошил 300 долари за да го направи пабот.
Сиднеј со недели наназад е во локдаун поради брзото ширење на КОВИД-19.