Посветен сопруг научи да шминка откако неговата сакана започна да го губи видот и дозна дека наскоро целосно ќе ослепи.
84-годишниот Дес започна да оди на часови за шминкање за да се увери дека неговата




„Видот на Мона се влошува, па таа нема да биде способна да се шминка самата во иднина, па си помислив дека колку побрзо ќе научам, толку подобро.“
„Сè започна минатиот октомври и сега сум многу вешт со шминката, дури можам да држам часови“ – рекол Дес.
Мона вели дека веќе има проблеми да ги разликува боите на сенките, но дека нејзиниот сопруг прави таа да се чувствува многу подобро.
„Тешко ми е да ги видам боите на различните сенки за очи, но благодарение на Дес сега знам дека мојата шминка секогаш ќе изгледа одлично“ – вели Мона.




„Тие се прекрасен пар, а на Дес уште на почетокот му се допадна што може да ѝ помага на Мона. Кога започна да учи, тој немаше претстава која четка за кој дел од лицето се користи, но сега е експерт.“
„Приказната на Дес и Мона покажува дека без разлика на возраста или полот, секогаш можеш да стекнеш нови вештини“ – рекла учителката на Дес.
Двајцата старци се во брак 56 години.



