Јехуда Ади Девир и неговата сопруга Маја очекуваат дете.
Артистот, кој постојано го илустрира животот со саканата, откри дека ќе стане татко со романтична илустрација.
Претходно, тој не ги криеше нивните намери да станат родители, туку преку илустрации ги прикажуваше предизвиците со кои се соочуваа.
„Се обидувавме да добиеме дете една година. Додека го правевме тоа, сфативме дека создавањето наше семејство е најголемата креација на која можеме да се надеваме.“
„Најтешко беше кога на крајот на секој месец Маја ќе добиеше менструација. Постојаното соочување со неуспех прави да се чувствуваш како да немаш контрола врз сопствениот живот. Тоа е ужасно чувство.“
„Но, ние сме заедно толку долго време што нашето пријателство и љубов се толку силни и чувствуваме дека можеме да постигнеме сè ако работиме заедно. Предизвиците нè прават посилни“ - изјавил тој.
Погледнете ги илустрациите на Јехуда кои прикажуваат што е потребно за да се добие дете: