Детската имагинација нема граници. Новата емотивна божиќна реклама на McDonald’s се темели токму на значењето на замислените другарчиња на децата.
Видеозаписот ја следи малата Матилда и нејзиниот невидлив пријател Иги, кој „оживеа“ откако таа го нацрта на лист хартија.
Како што минуваат годините, Иги ѝ е верна поддршка на Матилда, но доаѓа момент во нејзините тинејџерски години кога таа започнува да се срами од својот пријател. Сепак, нивната поврзаност не згаснува и таа по неколку години се навраќа на старото пријателство.
Крајот нема да ве остави рамнодушни.
Погледнете ја рекламата: