Ребека накит, новиот партнер на македонскиот ракомет, ги поканува љубителите на убаво парче накит и фановите на ракометот на заедничко дружење!
Утре, од 14.30 до 16.00 часот, во продажниот салон на Rebecca Macedonia во ТЦ Рамстор Скопје, ќе гостуваат нашите ракометни ведети: Кире Лазаров, Столе Стоилов, Дејан Манасков, Борко Ристовски, Филип Талески, Филип Кузмановски...

Посетителите ќе имаат можност да се запознааат, фотографираат и/или да добијат автограми од нашите ракометари, како и да дознаат повеќе за нивните модни вкусови: Дали преферираат трендовски и впечатливи или елегантни и минималистички парчиња кај дамите? Каков им е стилот вон ракометниот терен?
Повеќе информации за настанот можете да најдете на профилите на Ребека Македонија на социјалните мрежи: Instagram rebecca_macedonia и Facebook Rebecca Macedonia.
Ве покануваме да уживате во спој на модата и спортот, италијанскиот шарм и македонската упорност и заеднички да им посакаме на нашите херои уште една нова победа в недела!!!

Имено, по тешко извојуваната победа во Рејкјавик пред два дена, македонските ракометари на 14 април уште еднаш ќе се обидат да го победат Исланд, овој пат на домашен терен.