Едгар Артис создава несекојдневна уметност со секојдневни предмети.
Талентираниот артист од Ерменија ги надополнува модните илустрации со нешта кои ги наоѓа во неговиот дом, а резултатот одушевува. За Артис, лукот, марулата, лимоните и портокалите не се само храна, туку и средства за создавање впечатливи креации достојни за модните писти.
Погледнете дел од неговите дела објавени на Instagram, каде го следат над 650 илјади лица.