Со креативност и труд може многу да се заштеди.
Мајка им создава на ќерките модерни парчиња од стара облека која ја купува во продавници за втора употреба и вели дека успева да заштеди над 300 долари годишно.
Хејди Барнер се научила да шие од YouTube видеа кога сфатила колку е скапо да се купува нова облека за децата, бидејќи тие многу брзо ја надраснуваат. На почетокот, 33-годишната Американка шиела облека од материјали кои ги купувала, но откако нивната цена пораснала во 2021 година, таа се насочила кон upcycling (апсајклинг).
Сега, Хејди оди во продавници за стара облека и избира парчиња за возрасни кои може да ги преправи во комбинезони, боди, панталони или блузички за двете ќерки.
„Обожавав да ѝ купувам облека на ќерка ми, но стануваше многу скапо. Си помислив дека можам да го направам тоа. Ова е долг процес на учење, но ми се допаѓа. Подобро е за околината и е многу поевтино. Моите девојчиња го обожаваат.“
„Мојата поголема ќерка е пребирлива, па морам да ја носам со мене за да одбере што ѝ се допаѓа. Не можам да се сетам кога последен пат сме купиле нешто ново“ – вели таа.
@sewwithhaidee Thrifted hoodie ️ 2 piece outfit #sewing #upcycling #upcycle #upcycledfashion #thrifted #thrifting ♬ WHERE HAVE U BEEN - madi hocker
@sewwithhaidee Thrifted sleeping bag ️ puffer jacket #sewing #thrifted #thrift #upcycling #upcycle #upcycledfashion ♬ One Kiss - Calvin Harris & Dua Lipa
@sewwithhaidee Thrifted t-shirt ️ tank romper #sewing #upcycle #upcycledclothing #thrifting #thrift ♬ Cupid – Twin Ver. (FIFTY FIFTY) – Sped Up Version - sped up 8282
@sewwithhaidee Thrifted shirt ️ Overalls #sewing #upcycle #upcycledclothing #thrifting #thrift ♬ gimme gimme gimme - ❁ཻུ۪۪♡ ͎. 。˚ °
@sewwithhaidee Happy Valentine’s Day️ #sewing #sewingproject #diy #handemade #valentines #valentinesoutfit ♬ suono originale - .aesthetic..song