За идната година е закажана нова кралска свадба.
Принцезата Беатрис се вери со мултимилионерот Едоардо Мапели Моци, а од Бакингемската палата споделија дека свадбата ќе се одржи следната година.
„Екстремно сме среќни што можеме да ја споделиме веста за нашата неодамнешна веридба. И двајцата сме среќни што заедно ќе ја започнеме оваа животна авантура и едвај чекаме да стапиме во брак“ - стои во изјавата на парот.
Беатрис и Едоардо се во врска една година. Тој има 2-годишен син со поранешната вереница.
31-годишната идна невеста е ќерка на принцот Ендру, третото дете на кралицата Елизабета.