Близначки кои си ја мразеле косата сега се Instagram ѕвезди. Тие постојано докажуваат дека убавината e повеќе од естетика и гледаат на „несовршеностите како на совршености“.
Сипријана и Ти Кеј Вондер во минатото постојано си ја исправувале витканата коса поради тоа што луѓето постојано зјапале во нив и ги исмевале. „Започнав вистински да си ја мразам косата и да ја гледам како огромна пречка“ – рекла Сипријана.
Но, набрзо двете сестри сфатиле дека нивниот став е погрешен и навредлив кон луѓето кои ја носат косата во нејзината природна форма и престанале да ја исправуваат косата. Подоцна, тие го создале блогот „Urban Bush Babes“ кој е „наменет за рушење на стереотипите и навредливите перцепции кои луѓето ги имаат за природната коса“.
Сипријана и Ти Кеј Вондер се модели и редовни гостинки на модни ревии, а на Instagram имаат широка мрежа обожаватели.