Вашиот сакан е роден во знакот на Риби? Тогаш нема да ви биде пријатно да слушнете дека мажите Риби најчесто изневеруваат. А од припадничките на понежниот пол, најчесто изневеруваат родените во Близнаци.
Од сајтот за запознавање на љубовни партнери AshleyMadison, наменет за лица кои веќе се во врска или брак и бараат афера, ги анализирале своите 17 милиони членови и заклучиле дека меѓу нив има најмногу мажи Риби (15,6%) и жени Близнаци (16,1%). Тие податоци не се изненадување за многу астролози кои објаснуваат дека Рибите се владетели на фантазијата и дека им е тешко да не си ја задоволат љубопитноста.
Од друга страна, најверни се претставничките на Вага и претставниците на Шкорпија. Вагите се владетели на обврзувањето и сериозните врски, додека Шкорпиите се заљубуваат страсно и не остануваат во врска доколку во неа згаснат љубовните искри, велат астролозите.
Хороскопските знаци подредени по склоноста кон неверство
Жени | Мажи | |
1. | Близнаци | Риби |
2. | Овен | Водолија |
3. | Девица | Рак |
4. | Риби | Јарец |
5. | Стрелец | Близнаци |
6. | Рак | Бик |
7. | Водолија | Лав |
8. | Лав | Овен |
9. | Јарец | Девица |
10. | Бик | Вага |
11. | Шкорпија | Стрелец |
12. | Вага | Шкорпија |